Струмичанец се самозадоволувал пред девојки на трим патека

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.Џ (28) од Струмица, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело задоволување на полови страсти пред друг.

Како што информираа од полицијата на 3 февруари околу 10 часот, додека пријавителката  заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале.

После тоа, го пријавиле настанот во СВР Струмица. Веднаш по пријавување на настанот од страна на СВР Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на пријавениот. Тој бил пронајден и лишен од слобода, соопшти полицијата.

Извор MKD

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.