Притвор за валандовчанец што полово нападнал малолетник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе известување поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, казниво по член 188 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 5 февруари во Полициската станица Валандово пријавено е дека лицето Ц.А (55) од село Пирава извршило полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

По насоки од Јавен обвинител, бил извршен разговор со детето жртва во присуство на родител и социјален работник. По  наредба на јавен обвинител, Ц.А. е лишен од слобода и предаден во Основното јавно обвинителство  Велес,а по наредба на судија на претходна постапка, на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 дена, информираа од МВР.

Извор MKD

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.