Дневен хороскоп (11.02.2018) Недела

Овен (21.03 – 20.04)
Уморни сте од работата но сфаќате и сами дека ова е добар период за создавање и заработка. Го подобрувате односот со партнерот, завртувате нов лист. Внесете хармонија во семејното дружење. Чувајте се од можни скршеници и повреди.

Бик (21.04 – 21.05)
Подгответе се добро за она што е пред вас, бидејќи ви се овозможува шанса за ангажирање која не би требало да ја одбиете. Односот со саканото лице е лош, потребна ви е поголема слобода и разновидност. Можна е појава на алергија.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Сакате да го промените работното место. Се опуштате во домот и пронаоѓате начини да го направите уште попријатно и поудобно. Романтичните средби со партнерот ќе ве расположат. Добрата здравствена ситуација влијае добро и на вашето расположение.

Рак (22.06 – 22.07)
Не е момент за донесување на важни одлуки. Можни се загуби или поголеми непланирани трошоци доколку не реагирате побрзо. На партнерот му се потребни повеќе аргументи за вашите акции. Осцилациите на крвниот притисок ќе ви создадат проблеми.

Лав (23.07 – 22.08)
Имате потреба од промени и не знаете како да подготвите терен за да ви се случат истите. Денес е можен краток пат или неколку службени состаноци. Партнерот се однесува како се да е во ред, но вие забележувате дека нешто се случува.

Девица (23.08 – 22.09)
Ако работите на полето на комуникацијата денес очекувајте успешен договор. Студентите Девици денес ќе бидат покомуникативни од што е вообичаено и тоа ќе им донесе повисока оцена од онаа што ја очекувале. Ви се допаѓа една личност, но таа воопшто не реагира на вас.

Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе имате потреба да излезете некаде и да се дружите. Партнерот ќе се обиде да се извлече, но нема да му успее и ќе мора да ве следи. Ако сте сами, можна е интересна комуникација со личност родена во воздушен знак.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Една личност која ја познавате преку работата, ќе има позитивно влијание врз вас и ќе ве натера да размислувате на поинаков начин. Потребен ви е психички мир. Можеби е подобро некои работи да ги премолчите, но нешто од внатре ќе ве тера да се спротивставите.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Можеби финансиската корист што ви ја ветуваат ќе биде голема, но исто така голема ќе биде и цената што ќе ја платите ако нешто тргне наопаку. Ако сте заинтересирани за една личност која покажува знаци на симпатија, не одите пребрзо и не настојувајте премногу. Тоа може само да ја збуни личноста и да ја натера да се повлече.

Јарец (22.12 – 20.01)
Времето кое ви го одзема работата би можеле да го искористите на нешто друго и да најдете уште еден извор на приходи. Ако сте студент, денес ќе имате важен разговор кој ќе ви помогне во следните неколку дена да излезете од волшебниот круг во кој се наоѓате. Една личност ви се допаѓа, но се чувствувате несигурно кога разговарате со неа.

Водолија (21.01 – 19.02)
Роковите ви поминуваат, а вие стоите во место. Ако работите хонорарно, можна е исплата на помала сума. Партнерот се однесува како работите сами по себе да се разбираат и не се труди околу вас. Тоа ви пречи и денес ќе направите напор да го убедите да го смени однесувањето.

Риби (20.02 – 20.03)
Бидете внимателни кога се вашите идеи во прашање. Некој што се наоѓа во ваша близина може да присвои некоја ваша замисла. За да не дојде до тоа, обидете се да молчите и да не се фалите премногу. Односите со партнерот се нејасни.

Извор ВЕСТИ24

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.