Тигарче пратено по брза пошта

Инспектори во Мексико откриле младенче од тигар во пакет пратен по брза пошта.

Двомесечното бенгалско тигарче било најдено во пластична кутија со дупчиња за да може да диши, но без храна и вода, соопштиле мексиканските власти.

Лицето што го пратило тигарчето по брза пошта од мексиканската сојузна држава Халиско, засега не е познато. Животното било адресирано до сојузната држава Керетаро.

Животинчето било дехидрирано и веднаш било предадено во центар за заштита на животни. Засега е во стабилна состојба.

„Пратката“ била запленета затоа што праќањето на животни по брза пошта е забрането. Истрагата продолжува.

Извор ПЛУСИНФО

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.