Ветерот ја откри ќелавоста на американскиот претседател Трамп

Бојата и лакот за коса и „стратегијата“ на чешлање не му беа доволни овој пат на американскиот претседател да го сокрие од светот тоа што веќе подолго време му успеваше.

Фризурата на Доналд Трамп често беше предмет на дебата и пред тој да стане прв човек на државата. Иако на многумина им се допаѓаше фризурата на Трамп и како тој секогаш ја „средува“, сепак, овој пат ниту лакот за коса не беше доволно силен за да го спречи силниот ветер.

Имено, силниот ветер во американската воена база „Ендрус“ откри дека под „фамозната“ фризура на американскиот претседател Доналд Трамп, всушност се крие релативно ќелава глава.

Според контроверзната книга за Трамп насловена како „Оган и бес“ на авторот Мајкл Волф, дури и самата Иванка Трамп често знаела да се шегува на сметка на косата на нејзиниот татко.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.