Вакцината која го уништува ракот оди на тестирање на луѓе

Револуционерната вакцина за рак, која ги напаѓа туморите по целото тело се наоѓа во фаза на тестирање на луѓе.

Научниот тим на Универзитетот Станфорд, кој веќе развил еден од најкористените лекови за рак, тврди дека само една инекција поттикнува имунолошка реакција на организмот, која ги напаѓа сите тумори кои евентуално метастазирале по телото. Тоа значи дека вакцината може да им даде надеж, но и повеќе, на пациентите во поодмината фаза на карцином, чии шанси за лечење од рак моментално се сметаат за минимални.

90 проценти од глувците се излечени со само една вакцина

Како што јавува “The Week”, тестирањето на луѓе ќе почне да се спроведува со оглед на тоа дека тестирањето на глувците, според истражувачите, минало “изненадувачки добро”. 90 проценти од тестираните животни биле излечени по само една инекција, а останатите по уште една. Лекот делувал и кај глувци кај кои ракот се проширил низ целото тело.

Со оглед на тоа дека една доза од лекот, судејќи по се, е сосема доволна, истражувачите тврдат дека ќе биде поволен, а уште поважно, дека веројатно нема да има нуспојави кои другите лекови против рак ги имаат.

Истражувањето на овој неверојатен лек е објавено вчера во научното списание “Science Translational Medicined”. Иако оваа терапија се нарекува вакцина против рак, разликата во однос на вакцината против грип и други инфекции е тоа што оваа вакцина се дава на луѓе кои веќе имаат рак.

Вакцината ги оспособува имуните Т-станици кои се борат против ракот

Вакцината има две компоненти: првата е кратка секвенца на ДНК, која со имуните станици ја засилува експресијата на активацискиот рецептор на површината на Т-станиците, кои се клучни за борбата на организмот против ракот. Втор компонент на лекот е антителото кое се поврзува со рецепторот, ги активира Т-станиците и ги напаѓа клетките на ракот. Со оглед на тоа дека се внесува директно во туморот, лекот ги оспособува Т-станиците кои веќе го препознаваат ракот, бидејќи веќе се внатре во него.

“Ова е многу добар пристап”, објаснува др. Роналд Леви, професор по онкологија чија лабораторија веќе развила врста на хемотерапија наречена “Rituximab”.

Ќе делува ли на луѓето

Истражувачите планираат да ја тестираат вакцината, односно лекот, на 15 доброволни пациенти кои боледуваат од лимфома. Но, ако биде успешен, Др. Леви верува дека терапијата ќе може да се користи и за бројни други видови на рак. “Не мислам дека постои граница за видот на тумор кој можеме да го лечиме, додека го инфилтрираме во имунолошкиот состав”, вели овој научник.

Сепак, како што пишува “Science”, “големо прашање е дали овој пристап ќе делува на луѓето, бидејќи повеќето терапии за рак кои успеале на глувци, не се покажале како успешни над луѓето”.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.