ТЕТОВО: ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ИЗБОДЕЛЕ 17-ГОДИШНО МОМЧЕ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 16- годишници од село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Пријавените на 6.ноември минатата година околу 18,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале еден 17-годишник.

Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот, по што тој бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

Подоцна, 16-годишникот со неговата мајка се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот.

Извор mkd-news

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.