Столтенберг: Прво решение за името, па НАТО

Во интервју за МИА, Столтенберг изјавил дека НАТО ќе ја покани Македонија да се приклучи како негова земја-членка откако ќе биде постигнато взамно прифатливо решение во спорот со Грција за името.

На прашањето дали Македонија ќе добие покана за членство на самитот во НАТО во Брисел и без решено име, под привремената референца ПЈРМ Столтенберг е дециден дека позицијата на Алијансата останува непроменета.

– Не. Позицијата на НАТО останува непроменета. Сите одлуки во НАТО се донесуваат врз основа на консензус меѓу сите НАТО сојузници. На самитот во Букурешт и на последователните самити, тие се согласија дека НАТО ќе ја покани вашата земја да се приклучи, откако ќе се постигне взаемно прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН – истакнал Столтенберг во интервјуто за МИА.

Тој ги поздрави обновените преговори меѓу Македонија и Грција, но додаде дека не е во негова надлежност решавањето на прашањето за името.

Извор СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.