Санчез се договори со Јунајтед!

Арсенал и дефинитивно ќе биде минато за Алексис Санчез кој својата кариера и понатаму ќе ја продолжи на островот, во Премиер лигата, ама во таборот на Манчестер Јунајтед.

За него интерес имаше од Манчестер Сити и Челси, но според „Дејли Телеграф“ репрезентативецот на Чиле со „црвените ѓаволи“ веќе ги договорил лични услуги, четири ипол годишен договор според кој ќе заработува по 14 милиони фунти.

Сега се чека само на Хенрик Мхитаријан да даде зелено светло за преселба во Арсенал со што би се ставило крај на транфгер сагата.

Арсенал воедно работи и на трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг, не се исклучува ниту Малком од Бордо, па „топчиите“ по се изледа ќе имаат сосема поинаков лик во продолжението од сезоната.

Извор ДЕРБИ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.