Ким и Канје по трет пат родители

Славниот пар Ким Кардашијан и Канје Вест по трет пат станаа родители преку сурогат мајка, која во текот на вчерашниот ден на свет им донесе ќеркичка. Името на малата уште не е познато

„Канје и јас сме многу среќни што можеме да ви го соопштиме доаѓањето на нашата здрава, прекрасна ќерка. Неверојатно сме ѝ благодарни на нашата сурогат мајка која ги направи нашите соништа реалност и ни го овозможи најголемиот подарок, како и на докторите и сестрите за нивната посветена грижа. Норт и Сеинт се посебно воодушевени што ќе ѝ посакаат добредојде на својата сестра“, вели Ким во соопштението.

Името на сурогат мајката се држи во тајност, а TMZ откри дека таа е од Сан Диего, а се породила во Лос Анџелес во болницата во која Ким претходно ги роди двете деца.

 

Извор ТАРАТУР

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.