Срушен рекордот за најладно место на светот?

Ојмјакон, зафрлено сибирско село кое се смета за најладното постојано населено место на светот, оваа година трпи, дури и за своите стандарди, исклучително ладни температури.

Вообичаените зимски температури во Ојмјакон се движат од минус 40 до минус 50 степени Целзиусови.

Оваа година, меѓутоа, зимата е посебно сурова, а официјалната метеоролошка станица забележала минус 60 степени Целзиусови.

Од друга страна, новиот електронски термометар измерил минус 62 степени, додека некои жители тврдат дека температурата паднала и до минус 68 степени Целзиусови.

Официјално најниската досега измерена температура од 68 степени Целзиусови е во 1993 година, во метеоролошката станица „Томтор“.

Извор КАЈГАНА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.