Србија и Косово ќе ги продолжат преговорите во Брисел

Делегациите на Косово и на Србија ќе ги продолжат средбите на 16 јануари во Брисел. Веста за тридневниот состанок ја соопшти Авни Арифи, назначен за шеф на преговорите со Србија од косовската влада.

Преговорите ќе ги води косовскиот претседател, Хашим Тачи, а Владата ќе има улога во спроведувањето на постигнатите договори.

Дијалогот меѓу Косово и Србија за техничките прашања, започна во март 2011 година, за прв пат по прогласувањето на независноста во 2008 година.

Меѓу првите договори беа за интегрираното гранично управување и за слободно движење. Косово и Србија го постигнаа првиот договор за нормализирање на односите во април 2013 година.

Извор A1ON

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.