САД предупредуваат на опасност од тероризам во Косово

Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам.

Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово.

Во соопштението се додава дека терористите би можеле да нападнат „со мало или без никакво предупредување“ и нивна цел би биле туристички локалитети, транспортни центри, пазари, трговски центри, владини објекти, хотели, клубови, места за богослужба, паркови, спортски и културни настани, образовни установи, аеродроми и други јавни површини.

Стејт департментот посочува дека во Косово постои и појава на „политички мотивирано насилство“ и им препорачува на американските државјани да ги преразгледаат плановите за патување во северниот дел од земјата, каде, како што се наведува во соопштението, има „граѓански немири“.

Стејт департментот, како што пренесува МИА, и претходно издаваше слични предупредување до државјаните на САД во Косово. Последен пат ваква „безбедносна порака“ беше објавена минатиот месец поради „можни протести во Приштина како последица на зголемувањето на цената на електричната енергија“.

Извор RADIO SLOBODNA EVROPA

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.