Полицаец танцуваше среде Загреб и стана хит на социјалните мрежи [ВИДЕО]

Ракометното првенство во Загреб синоќа се гледаше и на плоштадот, каде имаше одлична атмосфера. За тоа сведочи и снимката од полицаец, кој танцуваше на ритамот на Даворин Боговиќ.

Веселиот полицаец го понесе атмосферата, па ја покажа танцувачката умешност, а се придружи и на неколкумината во скандирањето за поддршка на хрватската репрезентација.

„И тие се само луѓе“, „Опуштено издание“, „Подобро отколку лут“, „Да се барем сите вакви“, се само некои од коментарите објавени под видеото.

Извор A1on

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.