Европа го менува системот за наплата на патарини: Наплатните рампи одат во историјата, еве како ќе се плаќа во иднина

Директорот на Хрватските автопати, Борис Хузјан, изјавил дека на ниво на цела Европска унија се подготвува промена на системот за наплата на автопатите.

“Во контекст на развојот на моделот за наплата за патарините за сите видови на возила, важно е да се истакне дека со предлогот на новата директива на Европскиот парламент, планирано е во блиска иднина да се плаќа патарина по моделот за мината одредена делница, а не за наплата на одреден период на користење”, изјавил Хузјан за “Jutarnji List”.

Како што вели, таквиот систем веќе постои во Хрватска. За електронска наплата патарината би се користела мобилна технологија со стандардизирани дигитални кутии во секое возило. Со тоа би исчезнале наплатните рампи и километарските колони пред нив.

Цените би се одредувале на основа на емисијата на јаглерод-диоксид. Возилата со нулта емисија би имале попуст од 75 проценти. Приходите од патарините би требало да се насочуваат на инфраструктурата. Периодот за воведување на новиот систем би бил до 2023. година за камиони, а до 2027. година за останатите возила.

Намерата, како што се наведува, е да се унапреди постоечкиот систем за наплата на патарина, а истражувањето ќе покаже кој облик на електронски систем на наплата е најпогоден за автопатите.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.