Драма во Штип: Претепан отишол на Клиника, го нашле и таму па го докрајчиле

Во 03 часот во Полициската станица -Штип, 30-годишниот З.А. од Штип , пријавил кривично дело Насилство.

Тој објаснил дека околу полноќ додека седел во угостителски објект во друштво на неговата сопруга, од позади грб му пришол 32-годишниот О.О. од Штип, го удрил со тупаница во пределот на лицето, а потоа во пределот на телото.

З.А. станал, но во истиот момент дошло обезбедувањето, по што ги раздвоиле и ги отстраниле од објектот. Од нападот, З.А. се здобил со повреди и се упатил во Клиничка болница Штип на лекарски преглед, но додека бил на приемното одделение, пристигнал О.О. во друштво со лицето Д.К. (29) од Штип, и физички го нападнале.

Од ударите З.А. паднал под масата за преглед, по што О.О. и Д.К. ја свртеле масата и со неа почнале да го удираат по телото.

Според пријавеното, напаѓачите го удирале З.А.и со други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор press24

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.