„Алфите“ запленија оружје, муниција и ножеви најдени во автомобил близу Сити мол

На 10 јануари околу 21.50 часот полициски службеници од полициската станица Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа” при контрола на патничко возило форд фокус, со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ „Сити мол” откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција.

При прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка умарех 4.5мм 177; еден пиштол марка Берета 4.5мм, еден пиштол марка екол алп кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум НН калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго.

Истовремено во полициската станица Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

Извор MKD

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.