После мистериозниот напад на воените бази се огласија Русите: Додека бевме нападнати, на небото кружеше американски шпионски авион

Нов скандал е на повидок – Русите тврдат дека додека нивните воени бази во Сирија беа нападнати, на тој простор на небото кружел американски шпионски авион.

Руските воени бази – Хмјемим во близина на Латакија и поморската база во Тартус беа на мета на напади со дронови, а после нападот, од Москва откриваат дека за време на големиот напад, нивните радари забележале една „чудна случајност“.

Имено, како што пренесуваат руските медиуми, за време на нападот со дронови на руските бази, на тој простор бил забележан како на небото кружи шпионскиотавион „Посејдон“ на американската воена авијација.

Русите тврдат дека американскиот авион кружел околу 4 часа додека нивните бази биле нападнати со дронови од милитантите.

Нападот бил изведен со 13 дронови од кои што против-воздушната одбрана на Русија со помош на системот „Панцир-С“ успеала да собори 7 дронови, додека пак специјалната единица за електронско војување ја превзела контролата над 6 дронови од кои 3 биле срушени, а 3 заробени.

Русите тврдат дека зад ваквиот комплексен напад со повеќе дронови веројатно стои некој надворешен актер. Иако дроновите се прилично аматерски изработени, сепак како што пренесуваат руските медиуми, механизмот за испуштањето на монтираните бомби барал напредни инжинерски способности.

Засега сепак, од Кремљ немаат обвинето ниту една странска земја за нападот на двете руски воени бази во Сирија, иако од Москва сугерираат на тоа дека поради комплексноста на нападот, терористите морале да имаат помош „од надвор“.

Треба да се спомене дека во последниов месец руските бази се мета на зачестени напади на милитантите во Сирија. Неодамна се појавија информации дека бунтовниците уништиле седум руски авиони – четири бомбардери од типот „Су-24“, два ловци „Су-35“ и еден транспортен авион „Ан-72“ при минофрлачки напад на базата Хмјемим.

Иако од руското Министерство за одбрана демантираа дека биле уништени авионите, сепак од таму потврдија дека бил изведен минофрлачки напад поради кој загинале двајца руски војници. Непосредно пред нападот, руското министерство исто така потврди дека еден хеликоптер од типот „Ми-24“ се срушил при слетувањето на 31-ви декември поради технички проблеми и во падот загинале двајцата пилоти.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.