Воени игри: “Путин сите ги измами, а неговите вежби беа симулација на војна против целиот НАТО пакт”

Големата руска воена вежба одржана во септември била “симулација на голем напад на НАТО”, тврди командантот на естонските сили на одбрана.

Рихо Терас ги потврдил стравовите на НАТО дека вежбите наречени “Запад” биле користени за симулација на конфликт со Алијансата предводена од САД и прикажување на руската способност да мобилизира голем број на трупи во екстремно краток период во случај на конфликт.

Вежбите кои се одржани на територија на Белорусија, Балтичкото море, западот на Русија и Калининград во септември, според зборовите на руското министерство, биле работени по сценарио на фиктивен напад на милитантите, пренесува “Independent”.

Меѓутоа, во интервјуто за германскиот весник “Bild”, командантот Терас рекол дека станувало збор за поинаква симулација.

“Да бидеме јасни, во вежбите “Запад 2017″ Русија симулирала голем воен напад на НАТО. Тој не бил насочен само на балтичките држави, туку тоа била серија на вежби кои се простирале од далечниот север до Црното море. Големината на тие вежби е многу поголема од официјалните наводи”, рекол тој.

Наместо да биде “чисто дефанзивна вежба”, како што тврдела Русија, “Запад” била користена за симулација на “конвенционална војна против НАТО во Европа”, пишувал “Bild”, наведувајќи ги зборовите на двајца аналитичари од западните разузнавачки служби.

Изворите рекле дека учествувале многу повеќе војници од 12.700, колку што рекла Русија.

Околу 12.000 руски војници учествувале во вежбите во регионите во близина на естонската граница, и повеќе од 10.000 во областа северно од Финска и Норвешка, рекле изворите.

Според Виенскиот договор, вежбите во кои учествуваат повеќе од 13.000 војници мора да бидат отворени за набљудувачи од други земји, кои може да ги надгледуваат вежбите и да разговараат со војниците.

НАТО пратил еден експерт на денот за посетители во Русија, и двајца на денот за посетители во Белорусија.

Во симулациите во Балтичките држави тестирано е неутрализирање или преземање на контролата над воздушните полиња и пристаништата, како симулација на бомбардирање на критични инфраструктури како што се “воздушните полиња, пристаништа, електрани” во западна Европа.

“Бројот на трупи кои учествувале во вежбите значително го надминале бројот објавен пред вежбите. Сценариото било поразлично и географскиот обем бил поголем од претходно најавениот”, рекол генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг тогаш.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.