Червар: Да не бев јас, Македонија немаше да има репрезентација

Во интервју за „Балкан хендбал“, легендарниот македонски ракометар, Пепи Манасков немаше убави зборови за Лино Червар.

„Желбите се едно, можностите друго. Лино е стар волк, но мислам дека неговото време помина. Ова му е награда од ХРС. Најголемиот успех го има постигнато како селектор на Хрватска и ова му е благодарност пред крајот на кариерата, да се обиде да го оствари она што не успеал“, изјави пред неколку дена Манасков.
Ваквите зборови очигледно го погодија Лино Червар кој со изјава во хрватските медиуми го возврати ударот.
„Јас сум еден од најтрофејните тренери во овој регион. Штета за човекот, односно играчот кој имал добра кариера, но сега ништо не работи, а си зема за право да ги оценува другите. Тоа е лошо за спортот. Не поради мене, мене никој не може да ми наштети. Јас знам што имам направено, па и за Македонија. Тие немаше да имаат репрезентација ако јас не работев со тие деца“, изјави Лино Червар кој алудира на тоа дека тој ги создавал играчите на Металург кои се најбројни во нашата репрезентација.

Извор МКД

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.