Обвинителството бара да се укине притворот за актерот Јовановски

Обвинитството денеска побара поблага мерка за обезбедување присуство за актерот Влада Јовановски кој е во притвор за насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

Претставникот на Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски на јавната седница во Апелацискиот суд рече дека Советот на Основен суд Скопје 1 при продолжувањето на притворот погрешно ја утврдил фактичката состојба. Адвокатите на Јовановски, Ставре Џиков и Дончо Наков, исто така побараа да му се укине притворот на Јовановски.

За разлика од случајот на Јовановски, на другите две седници на кои Апелацискиот суд денеска ги разгледуваше жалбите за притворите на Оливер Поповски од Шестата управа и на Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, претставниците на Вишото јавно обвинителство побараа трочлениот совет да ги потврди мерките за продолжување на притворот.

Извор MKD

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.