Лекарите сакале да го исклучат Хокинг од апарати уште пред 33 години

Познатиот британски теоретски физичар и автор на повеќе книги, Стивен Хокинг кој се смета за еден од најголемите научни умови на денешницата и чие дело влијаеше на современите теории на општата релативност и квантната механика, уште од 1963 година боледува од амиотрофна латерална склероза (АЛС).

Кога на Хокинг му била дијагностицирана тешката прогресивна невромоторичка болест, лекарите му давале уште најмногу две години живот. Тој меѓутоа во понеделникот го прослави својот 76-ти роденден.

АЛС е тешка болест, од чии последици заболените најчесто умираат уште во првите пет години од заболувањето. Хокинг меѓутоа и пружа отпор повеќе од пет децении.

Сепак поради болеста тој минувал низ различни тешки состојби. Кога во 1985 година се соочил со тешки последици од воспаление на белите дробови, тогашната сопруга на Хокинг го одбила предлогот на лекарите да биде исклучен од апаратите што го одржувале во живот. Тој тогаш се наоѓал во една болница во Женева во состојба на кома, предизвикана од лекови.

– Лекарите мислеле дека нема да се повратам од комата, па и предложиле на Џејн да ги исклучат апаратите. Таа го одбила тоа, Инсистирала да ме вратат во Кембриџ. Следните две недели на инетзивна нега беа најтешкиот период од мојот живот – раскажа Хокинг во документарен филм за неговиот живот снимен во 2013 година.

Случајот со Хокинг по се изгледа е редок исклучок кога е во прашање болеста АЛС, која му е дијагностицирана кога имал само 21 година. Лекарите тогаш не му давале шанси дека ќе дочека и 25 години, но тој веќе наполни 76 години.

– Токму затоа што секој ден можеби ми е последен, јас постојано имам желба да ја искористам секоја минута што повеќе можам, вели Стивен Хокимг во документарниот филм „„Hawking: Brief History of Mine.

Извор НОВА МАКЕДОНИЈА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.