Грчката православна црква: Македонското прашање не е само политичко, туку и црковно

Архијерејскиот синод на Грчката православна црква во писмо испратено до грчкиот премиер Алексис Ципрас рекол дека е загрижен во врска со името Македонија, пренесуваат грчките медиуми.

„Ние нема да попуштиме во врска со зборот Македонија“, пишува во соопштението на управното тело на ГПЦ, која е дел од државната власт, затоа што, според Уставот, грчката држава не е секуларна.

„Тоа прашање (македонското) го следиме со вознемиреност и потресеност затоа што не е само национално и политичко, туку и црковно“, рекол поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос Втори за спорот меѓу Атина и Скопје.

Митрополитот Емануил рекол дека стојат на ставот дека црквата го негира правото на северниот сосед да се нарекува Македонија.

„Грчката црква со децении го има истиот став дека Македонија претендира кон нешто што не ѝ припаѓа, а тоа е грчкиот назив Македонија и на тој начин ги нарушува грчкото достоинство и историската реалност“

Во денешното соопштение на Светиот архијерејски синод е наведено дека црквата со зборови, дела и крв на свештенството и народот од дамнешни времиња маченички придонела Македонија да биде грчка.

Извор A1ON

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.