Америка замрзната, Австралија гори, во Сахара снег, кај нас пролет: Што се случува со нашата планета?

На социјалните мрежи последните денови се појавуваат фотографии од кокичиња на ливади, а метеоролозите најавуваат дека ова би можело да биде најтопол јануари откако постои мерењето.

Рекордно високи температури, оние летните, се измерени на другата страна на светот, во Австралија.

Истовремено во медиумите се шират снимки од снег во најтоплата пустина Сахара, снимки од замрзнати алигатори во замрзнати езера и ајкули кои умираат од студот во водите на Атлантикот. Како што би рекол народот, времето се полудело. Но, што навистина се случува?

Кога зборуваат за последиците од глобалното затоплување, климатолозите често ги истакнуваат се почестите и поизразени екстреми – подолги и поинтензивни периоди на суша, врнежи, олујни невремиња и слично.

Имено, со загревање на атмосферата, кое е најбрзо и најизразено на Северниот пол, се намалуваат разликите во температурите и во воздушниот притисок меѓу поларните и екваторијалните краеви.

Поради намалувањето на разликите во притисокот, слабите висински струји над средните северни географски ширини се движат од запад кон исток и претставуваат брана меѓу јужните маси со топол тропски воздих и северните со студен, поларен. Кога е таа струја јака, таа не дозволува силни, длабоки и долготрајни продори на поларниот воздух на југ или топлиот на север. Кога е слаба, продорите се почести и поизразени.

Моментално над САД се наоѓа голема меандра која овозможува длабок продор на поларниот воздух на југ, додека над Европа, посебно на овие простори, имаме длабок продор на топол воздух на север.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.