Абидал се потсети на животна борба со најтешката болест: Кога Анри дојде да ме посети плачев како дете, Меси пак…

Ерик Абидал е еден од играчите кој остави голема трага во новиот век кога се во прашање дефанзивците, играч кој освен по успесите ќе остане запаметен како човек кој излезе како победник најтешката болест-ракот.

Французинот ја доби таа битка, но колку тешко му било откри за „Канал Плус“.

-Тоа е болка која ќе ја паметам целиот мој живот. Беше неподносливо. Кога докторот дојде и ми кажа дека ми е потребна операција јас бев среќен. Тоа беше страдање кое на никого не би му го посакал. Бев многу слаб и пред натпревар направив видео за да им го испратам на играчи (Барселона) да ги развеселам и да им дадам поддршка. Дали знаете што ми кажа Меси? Немој повеќе да ни испраќаш такви видеа зошто навистина ни е тешко, не повредува. Јас не гледав така на тоа, се обидував да ги охрабрам, но ми рекоа дека ме виделе како труп и биле вознемирени, -вели Абидал притоа коментирајќи ја средбата со Тјери Анри кој дошол да го посети во болница.

-Кога Анри дојде да ме посети во болница, плачев како дете. Не сакав да ме види таков, но ми се допадна тоа што дојде да ме види, -дополни поранешниот ас на Барселона и Лион.

Извор ДЕРБИ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.