Драма на Швајцарските Алпи: 13.000 туристи се заробени во ски-центар во страшна снежна олуја, а ги чека и нешто полошо

Големата снежна олуја зараобила околу 13.000 туристи во Зермат, еден од најпопуларните швајцарски ски-центри.

Снегот ги блокирал сите патишта и шините кои воделе до одморалиштето во јужниот швајцарски кантон Валаис, каде исто така немало струја, рекла шефицата на полицијата, Џенин Имеш.

Во Зермат моментално има “околу 13.000 туристи”, рекла таа, додека на интернет страната на ски-центаорт е наведено дека “доаѓање и заминување од местото моментално е невозможно”.

Опасноста од лавина е крената на највисок можен степен, предупредуваат локалните власти. Новите слоеви на врнежи од снег кои се очекуваат, а кои би ги прекриле и онака големите количини на снег кои паѓале од Божиќ, би можеле да предизвикаат голем број на спонтани лавини, и тоа во главно во големи размери.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.