Голем напад на руските воени бази во Сирија: Нападот е изведен со многу дронови – Русите се сомневаат дека зад тоа стои „технолошки напредна држава“

Нападот на руските воени бази во Сирија бил изведен зо голем број на дронови, при што руската војска успеала неколку дронови да собори, а исто така успеала да зароби најмалку три.

Руските воени бази во Сирија вчера биле мета на напад на беспилотни летала, а оваа информација веднаш беше потврдена и од Москва. Во соопштението е наведено дека нападот е „одбиен“, но во Кремљ сега се прашуваат кој го извел големиот напад.

Руските власти се уверени дека таквиот комплексен напад со бројни дронови на милитантите е изведен „со можна помош на технолошки напредна држава“.

Руската војска открива дека сите дронови биле детектирани од нивната против-воздушна одбрана која што е распоредена во базите: „Беспилотните летала беа детектирани на голема оддалеченост од руските воени објекти“, соопштија од руската армија од каде што додаваат дека седум дронови биле соборени од страна на рускиот против-воздушен систем „Панцир-С“.

Понатаму, руската специјална единица за електронско војување успеала да ги оневозможи оперативните системи на уште шест други дронови, а откако ја превзеле контролата над нив, 3 од дроновите биле соборени, а 3 успешно заробени.

Тоа значи дека руската армија моментално поседува три дронови што би требало да биде доволно да се открие кој стои зад овој напад кој што е еден од најголемите напади на руските воени бази откако руската армија се вклучи во граѓанската војна во Сирија.

Според објавените фотографии од заробените дронови, сепак може да се заклучи дека станува збор за прилично мали летала со не така напреден дизајн, за како што велат Русите, да мора зад нападот да стои „технолошки развиена земја“. Слични дронови милитантите во Сирија користеле и претходно, но сепак таквите напади не биле чести.

Од руското Министерство за одбрана тврдат дека биле нападнати две воени бази – воздушната база Хмјемим во близина на Латакија, како и руската поморска база кај Тартус. Според соопштението кое што го пренесуваат руските медиуми, во нападот нема жртви во ниту една база.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.