Колку се паметни холивудските ѕвезди? Некои имаат IQ колку Ајнштајн

Коефициент на интелегенција над 130 имаат холивудските ѕвезди Никол Кидман, Мет Дејмон, Лиса Кудроу, Шерон Стоун, Џејмс Франко и Натали Портман, меѓу останатите, објави порталот hollywood.com.

Порталот наведува дека Ештон Кучер, Мет Дејмон и Квентин Тарантино имаат коефициент на интелегенција од 160, колку и познатите физичари Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Дејмон студираше на Харвард, но не го заврши факултетот, а нацртот за филмот „Добриот Вил Хантинг“ го напишал на час по англиски јазик. Квентин Тарантино никогаш не завршил ни средно училиште.

Шерон Стоун се наведува дека има коефициент на интелегенција од 154, додека комичарот Стив Мартин има 142. Тој студирал филозофија на Калифорнискиот државен универзитет (Cal State) и негова желба била да стане професор, но подоцна се префрлил на Универзитотот на Калифорнија (UCLA), каде што студирал театар.

Актерката Натали Портман има коефициент на интелегенција од 140. Таа студирала психологија на Харвард и има објавено два труда во научни списанија. На Харвард, Портман работеше и како истражувач, а зборува пет странски јазици.

Извор A1on

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.