Две лица се повредени во пожарот што ја зафати Трамп кулата во Њујорк [ВИДЕО]

Две лица се повредени денес во пожарот што избувна во кулата на Трамп во Њујорк, велат пожарникарите, додавајќи дека пожарот избувнал во системот за греење и климатизација.

Њујоршките пожарникари соопштија дека добиле повик утрово, околу 7 часот по локално време за пожарот на последниот спрат на кулата.

Еден цивил е посериозно повреден во пожарот, како и еден пожарникар кој се здобил со полесни повреди.

На пожарникарите им бил потребен околу еден час да го изгаснат пожарот во Трамп кулата на Петтата авенија во Манхетн.

Во оваа зграда, која е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓаат луксузни апартмани и деловни простории.

Синот на Трамп Ерик на Твитер им се заблагодари на пожарникарите за „неверојатната работа“ што ја направија.

Извор МКД

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.