Во БиХ прекинат синџир за трговија со оружје кон Словенија

Припадниците на Федералната управа на полицијата (FUP) на Босна и Херцеговина, го уапсиле организаторот на шверцувањето оружје и воена опрема во Словенија, и трагаат по повеќе лица кои се вклучени во синџирот за недозволена трговија со вооружување, соопштија во неделата од оваа агенција.

На подрачјето на општината Травник во саботата бил уапсен 32-годишен маж, додека полицијата трага по лица кои му помагале и во таа операција во неделата извршила претрес на два објекта на подрачјето на Зеница кој биле користени од бараните лица.

Лицето од Травник било уапено по налог на Државното обвинителство на БиХ, под сомнение дека во претходниот период со посредство на други лица од Босна и Херцеговина и Словенија организирал префрлање на поголемо количество оружје и воена опрема од БиХ на словенечка територија.

Во рамките на оваа акција, босанските власти соработуваат со министерството за внатрешни работи на Словенија на идентификувањето на лицата и документирање на кривичните дела, соопштено е во Сараево.

Извор NETPRES

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.