Ливерпул и Барселона го договориле трансферот на Кутињо

Ливерпул веќе ја прифатил понудата на Барселона за Филипе Кутињо и тоа ќе биде потврдено наскоро, тврди британски „Телеграф“ кој неодамна прв ја објави информацијата за трансферот на Вирџил ван Дајк на „Енфилд“. Истата информација ја потврди и каталонски „Спорт“ што дефинитивно е потврда за нејзината релевантност.

Сумата која ќе ја платат Каталонците е 160 милиони евра или нов рекорд за трансфер во кој е вклучен британски тим, а исто така Кутињо ќе стане и најскапо платен фудбалер од шпански клуб и трет најголем трансфер во фудбалската историја.

Ваков епилог можеше да се претпостави откако Бразилецот не отпатува во Дубаи заедно со досегашните соиграчи, а ќе значи крај на трансфер сагата која започна уште во летниот преоден рок.

Извор ДЕРБИ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.