Дневен хороскоп (06.01.2018) Сабота

Овен (21.03 – 20.04)
Денот ќе е богат со покани за средби. Прифатете само една, и тоа од личност која ви е многу драга. Обидете се да ги најдете контактите кои ви се потребни, но без да се наметнувате. Добро е да патувате, пречките на патот ќе се помали и ако не одлагате ништо, ќе си спасите многу нерви и непријатни изненадувања.

Бик (21.04 – 21.05)
Ќе се среќавате со луѓе кои бараат и кои ветуваат дека ќе ви го изнесат бизнисот на безбедно тло и со тоа да ви го олеснат животот. Денот ќе биде исполнет со покани за собири, од утрото ќе поздравувате пријатели и познаници. Поддржете го колегата кој ќе одбележува мал личен празник на работното место на крајот на денот.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе донесете важни одлуки, а судбината ќе ви помогне. До крајот на денот ќе ги имате парите кои ви требаат – воопшто денес нема да имате причини да се жалите од среќа. Се што ви се случува, ќе е неочекувано, но ќе е за добро или ќе завршува добро.

Рак (22.06 – 22.07)
Направете ја првата реклама за годината на секој начин. Не жалете се од колективната работа, за да можете добро да ја завршите и личната. Некои од вас ќе имаат проблем со здравјето на близок, така што ќе бидете вознемирени. Веднаш превземете мерки, независно од видот на состојба.

Лав (23.07 – 22.08)
Денес ќе имате некаков финансиски успех, вистински „џекпот“. Ќе ви дојде како по нарачка, бидејќи ќе биде поврзан со вашата идна активност. Многу од вас ќе ја добијат конечната одлука по наследен проблем. Денот ќе ви донесе мир и самостојност, бидејќи многумина од вас се загрижени и имаат потреба од издвојување од блиските.

Девица (23.08 – 22.09)
Застанете цврсто денес против газдите и шефовите и побарајте си ги правата. Вашата оптовареност постојано расте, сега е ред и вашата плата да порасне. Ќе водите успешни разговори, ќе склучите цврсти и добри договори, ќе можете да ги заштитите своите позиции.

Вага (23.09 – 22.10)
Ако сте упатиле предлог и до денес не сте добиле одговор, откажете се од предлогот – дури и да ви одговорат потврдно во наредните денови, ништо нема да се добие. Ќе треба да го посетите шефот или партнерот и да поразговарате нешто што сега се оформува како активност.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Еден од вашите најубави денови е денешниот вторник. Во вашиот дом може да влезе нов човек, да ги заборавите вашите проблеми, дури и сте подготвени да ризикувате и пари и да заработите. Невработените, ако сега почнат со работа, или вработените преземат нов ангажман, тоа ќе биде исклучително успешен, долготраен и стабилен потфат.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Не трпите ограничувања – ниту интелектуални, ниту деловни. Денес обложете се на сопствената цврстина и влезете многу цврсто на цврста почва и со двете нозе. Ќе ја потчините волјата на колективот и активноста, а тоа ќе канализира некои информации во насока корисна за вас.

Јарец (22.12 – 20.01)
Денот ви тргнува уште од утрото како да сте станати на „лева нога“. Кисели сте и не знаете што сакате, никој не може да ви угоди. Менувате мислења, наредби, барањата ви се менуваат и тоа создава хаос на работното место. Подобро е да си најдете работа надвор од канцеларија и да ги оставите луѓето да работат спокојно.

Водолија (21.01 – 19.02)
Денот е на затишје и рефлексија. Останете подалеку од ризици барем до пладне. Во попладневните часови работите се менуваат. Ситуацијата кај вас повторно е профитабилна, повторно сте во сила, повторно ве бараат, слушаат што зборувате.

Риби (20.02 – 20.03)
Работете денес беспрекорно и не дозволувајте ниту минимални грешки, бидејќи можат да ја уништат магијата од изминатите денови и да се користи против вас. Насочете повеќе енергија во деловната активност, која е тесно поврзана и со јавна работа. Меѓутоа, целата ви е енергијата да е насочена кон деловниот живот, па блиските ви се во втор план.

Извор ЕКСКЛУЗИВ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.