УЕФА ЈА „ЗАТВОРИ“ МАРАКАНА: ЦРВЕНА ЗВЕЗДА БЕЗ ПУБЛИКА ПРОТИВ ЦСКА

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена Звезда поради недоличното однесување на нејзините навивачи на дуелот против БАТЕ Борисов во Лига Европа.

„Црвено-белите“ еден натпревар во европските натпреварувања ќе играат пред празни трибини, што значи дека нема да има публика на мечот против ЦСКА во 1/16 финалето од Лига Европа.

Навивачите на Црвена Звезда во текот на натпреварот со БАТЕ на 23-ти ноември му пружија поддршка на Ратко Младиќ, а УЕФА тоа го окарактеризира како расистичко однесување.

„Изненадени сме од оваа одлука. Ние како клуб максимално сериозно го организиравме секој меч и правевме се за да мине во најдобар ред…Мислам дека имаме доволно аргументи за жалба за да докажеме дека Ц. Звезда не заслужува да игра на празен стадион. И сигурен сум дека ќе успееме . Еден од аргументите е дека ние влезници продававме уште од јануари, а продадени се 28 илјади од причина што немавме таква информација“, изјави Звездан Терзиќ, директорот на Црвена Звезда.

Извор ЛОКАЛНО

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.