Венгер казнет со три меча и 40.000 фунти

Фудбалската федерација на Англија го казни тренерот на Арсенал, Арсен Венгер со три натпревари забрана за водење на екипата.

Причината за казната е тоа што менаџерот на Арсенал го навредуваше судијата после натпреварот со ВБА, кој заврши со 1:1.

Потсетуваме, „топџиите“ на тој натпревар останаа без победа бидејќи судијата Мајк Дин во самиот финиш досуди пенал за домаќините откако топката го погоди во рака Калум Чемберс.

Венгер жестоко протестираше на таквата одлука, па поради тоа нема да може да го предводи својот тим на следните три натпревари.

Приврзаниците на Арсенал жестоко реагираа на социјалните мрежи поради ваквата одлука на ФА и порачаа дека судијата Мајк Дин е тој кој што треба да биде казнет.

Извор СПОРТСКИ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.