Возбудлив прес на Мурињо, колегите ги нарече кловнови, а за сториите на медиумите рече дека се ѓубре!

Сезоната на „Црвените ѓаволи“ не се одвива според планот, најтрофејниот клуб од Англија одново е далеку од битката за титулата. Па по серијата слаби резултати, медиумите почнаа да пишуваат дека Жозе Мурињо ќе го напушти Олд Трафорд.

Ваквите стории не му се допаднаа на „Специјалниот“ кој распали на пресконференцијата пред дуелот со Дерби во ФА Купот.

„Зависи од тоа што сакате да знаете или за што сакате да зборуваме. Ако сакате да зборуваме за одредени стории, ќе кажам дека тие се ѓубре. Ако сакате да ме прашате директно, дали следната сезона се гледам како менаџер на Манчестер јунајтед, ќе ви речам да, се гледам како менаџер“- вели Португалецот.

„Како што кажав кога пристигнав, ќе заминам само кога клубот ќе побара од мене да заминам бидејќи немам намера да го напуштам Манчестер јунајтед. Мојата намера е да останам, да работам и да го вратам клубот на местото на кое припаѓа“.

„Не сум стигнал ниту до половината од договорот и планирам да останам се додека сопствениците и бордот се среќни со мојата работа“.

„Специјалниот“ потоа беше запрашан дали ја изгубил пасијата за фудбалот и гладот за трофеи бидејќи е прилично мирен покрај аут-линијата во споредба со минатото.

„Поради тоа што не се однесувам како кловн покрај аут-линијата сметата дека сум ја изгубил пасијата?“

„Преферирам да се однесувам онака како што се однесувам сега, многу позрело и тоа е подобро и за мене и за мојот тим“.

„Мислам дека нема потреба да се однесувате како лудак покрај аут линијата за да имате пасија. Пасијата се гледа од тоа како сте посветени на работата, а не што правите пред камерите“.

Многумина сметаат дека ваквата провокација на Жозе Мурињо е наменета за Антонио Конте и Јирген Клоп, кои најмногу се соживуваат со натпреварите и темпераментно со гестикулации реагираат на случувањата на теренот.

Извор МКД

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.