Синот на Давид Силва се роди прерано и е во секојдневна борба за живот

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити објасни зошто во последните неколку недели не беше стандарден во составот на „Граѓаните“. Шпанецот откри дека неговиот син се родил предвремено и докторите се борат за неговиот живот.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека не знае кога точно Давид Силва ќе се врати на играње целосни 90 минути за екипата на Сити, а Силва самиот ја објасни ситуацијата во која се наоѓа во моментот.

Давид Силва преку социјалната мрежа Twitter соопшти дека неговиот син Матео се родил предвремено, многу порано од очекуваното и дека докторите се борат да го спасат.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите вас за сите добри желби и за поддршката која ми ја дадовте во последните неколку недели, а посебно ќе им се заблагодарам на тренерот и соиграчите, кои ја разбираат ситуацијата низ која поминувам. Со вас сакам да ја споделам и веста дека мојот син Матео се роди екстремно предвремено и дека тој е во секојдневна борба за живот“, напиша Силва на Twitter.

Вчера Манчестер Сити победи со резултат 3:1 против тимот на Ватфорд, а по неколку недели за првпат Давид Силва ги одигра сите 90 минути за тимот кој е лидер на табелата во англиската Премиер лига.

Извор КАЈГАНА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.