Антиќ остави можност да се врати во репрезентацијата

Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ во интервју за српските медиуми рече дека вратата во репрезентацијата за него се уште е отворена.

Изминатите години Антиќ велеше дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, не ја промени одлуката ниту за квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година, а евентуално враќање во националниот тим го услови со промени во Македонската кошаркарска федерација.

– Ќе почекам да видам што ќе се случи со раководството. Додека е актуелното раководство, јас не размислувам за тоа. Иако станува збор за играње за мојата земја, ова раководство само чека да направи некои проблеми, само ги лекува своите комплекси. Тие ја расипаа хемијата што ја красеше македонската репрезентација, па сега се е статус кво, посочува македонскиот кошаркар.

Извор A1on

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.