Ливерпул со пресврт славеше над Лестер, Челси сигурен против Стоук

Ливерпул со двата гола на Мохамед Салах направи пресврт против Лестер и славеше со 2-1, „Сините” лесно се справија со Стоук и стигнаа до убедлив триумф од 5-0

Шампионот Челси против Стоук настапи без својот прв играч, Еден Азар но и покрај тоа избраниците на Конте немаа многу проблеми и го решија прашањето за победникот за кратко време.

Рудигер погоди за 1-0 во 4. минута, а потоа Дринквотер постигна еврогол во 9. минута за 2-0. Домаќините на полувреме заминаа со 3-0 откако и Педро се запиша во листата на стрелците.

Вилијан од пенал во 73. минута погоди за 4-0, а точка на натпреварот стави Запакоста во 88. минута.

Ливерпул со пресврт во вториот дел стигна до триумф од 2-1 над Лестер.

Домаќините беа изненадени на стартот од мечот, една грешка на одбраната овозможи Марез да му асистира на Варди за 0-1 веќе во третата минута.

Ливерпул потоа имаше неколку добри шанси да изедначи, но притивникот одолеваше се до стартот на првиот дел, кога по една одлична акција, Салах донесе 1-1.

Истиот играч потоа по втор пат го матираше Шмајхел за 2-1 во 76. минута.

Борнмут со 2-1 го доби дуелот со Евертон, со истиот резултат Свонси победи на гостувањето кај Ватфорд, а на средбите Хадерсфилд-Барнли и Њукасл-Брајтон немаше погодоци

Извор МКД

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.