Кинез платил рата за BMW со монети, вработените броеле ситно со часови

Кинески бизнисмен ги намачил вработените во салон за автомобили на BMW со тоа што ја платил првата рата за новиот автомобил во висина од 9.000 евра во монети.

Купецот на автомобилот BMW што чини околу 51.000 евра, ја платил првата рата во монети од 0,5 јуани што ги собирал со години.

Поради овој невообичаен начин на плаќање, вработените во автосалонот морале со часови стрпливо да го бројат ситното, монета по монета.

По пребројувањето заклучиле дека купецот им оставил и повеќе пари отколку што треба, па кусурот му го вратиле на домашна адреса.

Извор КАЈГАНА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.