Сноуден креираше апликација за да ви ја чува куќата

Едвард Сноуден ја разви својата прва апликација што паметниот телефон го претвора во мал домашен сигурносен систем. Апликацијата „Хејвен“ е замислена како систем за надзор на домот или на канцеларијата, и засега може да работи само на Андроид.
Сноуден верува дека најголем интерес оваа апликација ќе предизвика кај новинарите, кои мораат да ги заштитат своите информации, па затоа при креирањето на апликацијата се консултирал и со Мајк Ли од порталот „Интерсепт“.
„Хејвен“ ги користи камерите, микрофоните и акцелерометрите на телефонот како сензори за мониторирање на околината.
Телефонот со активирана апликација се остава на видно место за да има прегледност на целата околина. Доколку некој да влезе во просторијата, апликацијата ги активира камерите и микрофоните и прави фотографии и снимка од натрапникот. „Хејвен“ има опција веднаш да го испрати снимениот материјал на телефонот што го носите со вас.

Апликацијата е производ на повеќе програмери што се фокусирани на обезбедување на приватноста на корисниците на модерните технологии и развојот на крипто-комуникацијата.
– Во случај да го оставите лаптопот дома или во канцеларија, доволно е на истото место да поставите макар и стар андроид-уред со инсталираната апликација „Хејвен“. Мерачот на светло ќе ги регистрира сите движења на секој што ќе влезе во собата, ќе снима звуци и фотографии и истовремено ќе испраќа известувања на главниот андроид-уред што го користите. Исто така, со помош на камерата, ќе може да се види и ликот на „натрапникот“. Ќе се открие кој го злоупотребува вашиот лаптоп, кој пребарува по вашите работи или влегува во собата без ваше знаење – вели Ли.
Сноуден се надева дека апликацијата ќе може да се употребува во различни цели и дека многумина ќе придонесат во нејзиниот развој.
„Хејвен“ веќе ја користат 60 активисти во Колумбија. А доколку се соберат финансии апликацијата ќе добие и надградба.

Извор НОВА МАКЕДОНИЈА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.