Дедо и баба фатени со 27 килограми марихуана- планирале да ја делат како подароци за Божик

Постар пар се соочува со криминално гонење откако полицијата ги фатила со 27 килограми марихуана, за која што тврдат дека планирале да ја поделат како подароци за Божик за нивните роднини и пријатели.

80- годишниот Патрик и 83- годишната Барбара Жирон патувале од Калифорнија во Небраска, каде што полицијата ги сопрела и со помош на кучиња трагачи ја открила марихуаната во нивниот автомобил.

– Тие кажаа дека марихуаната им била за подароци за Божик, изјави портпаролот на полицијата Пол Врбка. Вредноста на марихуаната на пазарот изнесувала 300 илјади долари.

Патрик Жирон е обвинет за поседување на марихуана со намера за продавање и за немање доказ за платени даноци за марихуаната. Тој бил приведен, но брзо потоа пуштен од притвор.

Марихуаната се уште е забранета за продажба во Небраска и покрај неколкуте обиди на законодавците за легализација на истата во медицински цели.

Извор press24

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.