Брак и хороскоп- кој со кого одговара

Верувале вие или не во хороскоп, сигурни сме дека барем неколку пати чисто од радозналост сте прочитале што ви велат ѕвездите. Но и големи скептици го промениле мислењето по деталното читање на наталната карта, а има и такви кои не превземаат ништо додека не видат што мислат ѕвездите за тоа. Сепак интересно е што месецот кој е релативно мало небесно тело толку влијае на земјата, а големите ѕвезди ???? Да видиме што тие имаат да кажат за бракот, кој се најдобрите брачни комбинации според хороскоп.

Овен
На овој знак за брак најдобро  му прилегаат Лав и Водолија. Лавот успешно ќе парира на неговата тврдоглавост и динамичност, а бракот ќе им биде исполнет со страст. Водолијата ќе успее да го држи заентересиран(овенот брзо губи интерес) и секогаш ќе го изненадува. Други добри комбинации се Близнаци, Стерлец и Шкорпија.

Бик
Стабилен знак кој го сака семејството и бракот, најдобро ќе се сложува со ракот кој е сличен знак кога се однесува за семејство и емотивност. Други добри комбинации се Јарец(ако ги скроти роговите)  Девица, Шкорпија и Риба.

Близнаци
На овој знак кој се одликува со интелегенција и нестабилност, најдобро ќе му одговараат знаци ако што се Стрелец и Лав-динамични и огнени знаци кои нема да се налутат кога на Близнакот ќе му одлетаат мислите или ќе го изгаси телефонот. Му одговара и Водолија, но со обзир дека двата знака се “забегани” ќе им биде интересно но дали бракот ќе им преживее е под знак на прашање.

Рак
Приврзани кон фамилијата и доста емотивни, ним им треба знак кој нема да ги поврадува. Добар партнер е Бикот но и Јарецот. Добро ќе се согласуваат и со Шкорпија но поради огромната страст која таа ја носи и нејзината непредвидливост е опасна комбинација.

 Лав

По природа се стравствени и затоа им треба знак кој тоа може да го прати. Близнаци, Овен, Стрелец и Водолија. Со Овенот ќе имаат вистински стравствена љубов, додека со Стрелецот одвереме навреме ќе имаат повредена суета, но ќе им го задржи вниманието и ќе имаат убав брак.

Девица
На овие педантни знаци потребен им е некој стабилен и емотивен како што се Бик , Јарец и Рак. Имаат голема привлечност кон Близнаците и со нив ќе имаат кратки, страствени и фатални врски.

Вага
Заводничка по природа Вагата тешко ќе се одлучи за брак. Убедливо најдобар избор за неа е Водолија, овој знак е најмалку посесивен од сите други и нема да се лутат на нејзиното флертување. Други добри комбинации се Близнаци, Лав, Вага и Девица. Ако им се остави луфта, Вагите можат секого да заведат.

Шкорпија
На посесивната Шкорпија и треба некој кој ќе им го задржи вниманието, а притоа нема да предизвика љубомора. Такви се Бик, Рак и Риба.

Стрелец
На овој авантуристички знак му е потребен партнер кој ќе може за 20 мин да се спакува и да тргне на одмор или некаде на викенд. Такви се Овен, Лав, Близнак и Водолија.

Јарец
Добар и стабилен партнер. Најмногу им се доапаѓа педатноста и штедливоста на Девица, а добар избор за нив се и Бикот, Ракот и Шкорпијата.

Водолија
Најглолемите немажачки се Водолиите. Повеќе се насочени кон науката, а помалку кон домот. Исклучително интелегентни, а најдобро си одговараат со знаци кои се исто така интелегентни како Близнаци, Овен и Шкорпија.

Риби
Емотивни и лесно повредливи. Им треба знак кој нема да ги повредува туку ќе плива со нив. Се сложуваат со Ракови, Шкорпии и Јардци.

Извор ЕКСЛУЗИВ

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.