Чизми или хеланки? Познатиот дизајнерски бренд измисли ново парче облека

Нивните високи чизми минатата сезона ги освоија срцата на многу дами, а останува да видиме дали овој новитет ќе има ист ефект.

Модната куќа “Balenciaga” е позната по популарните модели на чевли. Нивните супервисоки тесни чизми кои доаѓаат во сите бои, изминатата сезона често ги гледавме како дел од имиџот на славните девојки како Кајли и Кендал Џенер, Хајли Болдвин и многу други.

Шарените чизми кои се стеснуваат високо над колената беше навистина тешко да се заменат, но брендот отиде еден чекор подалеку. Во својата нова колекција, “Balenciaga” сега нуди чизми кои се претвораат во хеланки, со висина до струкот.

Ова практично парче облека кое секогаш би го олеснувало облекувањето изнесува 1795 фунти.

Извор ТОЧКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.