Паметната јакна на Levi’s и Google идната седмица ќе биде пуштена во продажба

Компанијата Levi’s во соработка со технолошкиот гигант Google разви „паметна“ јакна која ќе биде достапна во продажба од 2-ри октомври.

Јакната поседува посебно копче на левиот ракав кое што е поврзано со паметен телефон и овозможува интеракција со телефонот. Првенствено, ваквата јакна е наменета за велосипедистите.

Јакната е поврзана со паметниот телефон преку апликацијата Jacquard која што е компатибилна со уреди кои што користат оперативни системи Android и iOS. Копчето овозможува примање на пораки, пренасочување на повици на говорна пошта, слушање на навигациски упатства за време на возењето, управување со музиката и слично.

Полнењето на јакната, односно на специјалното копче на ракавот се врши со УСБ, а батеријата трае две седмици. Секако, тоа може да се отстрани од ракавот.

Продажбата на оваа прва паметна јакна започнува на 2-ри октомври, а цената ќе изнесува 350 долари.

Извор TOCKA

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.