Предлог комбинации: Пролет во светли и пастелни бои


Сончевата сезона е вистинско време да ја истакнете својата нежна и грациозна страна.Без оглед на актуелните трендови, пролетта едноставно не може да се замисли без облека во светли и освежувачки бои. Убавите и сончеви денови се идеални за прошетка, па и гардеробата треба да биде во согласност со новото годишно доба.

За таа намена, ви предлагаме да одберете облека во пастелни тонови, а да ја искомбинирате со неутралната палета на бои. Одлучете се за бела и беж, за пастелно розова и сина, за суптилните ментол нијанси, бојата на лаванда…

Облеката во слатките и нежни нијанси привлекува внимание, а истовремено оддава впечаток на минимализам и едноставност. Нашиот совет е да си набавите плисирано здолниште кое ќе биде во тренд и оваа сезона, романтични кошули во суптилни бои, како и женствени маици кои ги откриваат рамениците.

Од модните додатоци, вашиот избор нека бидат мокасини, мала чанта, и секако, очила за сонце, кои дополнително ќе го зачинат пролетниот изглед.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.