Пролетен тренд – цветен дезен

Оваа пролет, цветовите ќе „цутат“ буквално на секое модно парче. Прекрасните флорални принтови ќе може да ги најдеме на фустаните, здолништата, панталоните, чантите, и секако, на обувките.

Чевлите не само што нема да бидат исклучок во текот на топлата сезона, туку и највпечатлив моден додаток со цветна нота. Омилените мокасини, чизмички до глужд и елегатните чевли со ниска потпетица, во сончевите месеци ќе бидат шарени, со впечатливи дезени и бои.

Цветните чевли се доволно импресивни за да и наједноставната, минималистичка комбинација на облека ја направат посебна. За таа цел, ви ги издвојуваме најмодерните модели на чевли со цветови, како и неколку неодоливи начини на кои модните блогерки ги вклопуваат во својот шик изглед.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашиот емаил нема да биде објавен јавно.